По повод 84 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин, Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани, објави конкурс за литературна творба, односно песна, расказ, есеј, драмски текст, видување и сл. Инспирацијата на авторите треба да им биде од стиховите на Рацин, на тема: „Македонија – Рациновата болка и надеж“.
Конкурсот има ревијален карактер, a творбите треба да бидат пишувани на македонски литературен јазик, со големина на фонт 12, со македонска поддршка и не треба да бидат претходно објавувани.
Право на учество имаат лица постари од 16 години. Литературните творби на конкурсот ќе бидат собрани во алманах. Предвидено е промоцијата да се одржи на 25 ноември во просториите на ЦК „Бели Мугри“, на денот на патрониот празник на Установата.
Краен рок на поднесување на творбите е до 31 октомври.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.