Во организација Општинска организација на Црвен крст – Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите се одржа редовната, јунска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 33 крводарители. Акцијата е 10 што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.