Јас зборував за температурата, за релативната влажност, за маглата, за количеството на врнежи, за ветровите а колегата зборуваше за синоптиката и за метеорологијата како наука. Мислам дека дружењето треба да продолжи бидејќи видовме дека и самите ученици се задоволни од средбата и не поканија и ние да бидеме нивни гости, рече Ирина Тодорова, професор по географија во СОУ „Љупчо Сантов“.
-На овој отворен час имавме можност да се запознаеме со сите оние мерни инструменти кои што се употребуваат за мерење на мерните величини и прогноза на времето за овој регион. Имавме убава презентација од вработените. Им се заблагодаруваме на учениците и вработените во СОУ „Љупчо сантов“ и ги покануваме и тие да бидат наши гости, рече Сребрен Ѓорѓиевски, професор по географија во СОУ „Методи Митевски – Брицо “ Делчево.
Со вакви заеднички дружења учениците и професорите од двете средни училишта ќе продолжат и во иднина со цел реализирање заеднички часови и полесно совладување на наставниот материјал.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.