Четвртоодделенецот Матеј Диванисов, ученик во ОУ „Никола Карев“ од Кочани стана државен првак во шах во категорија за ученици од прво до петто одделение од основните училишта во Македонија.
На Државното првенство, што во Охрид го организираше Федерацијата на училишен спорт, Диванисов настапи во конкуренција на триесетина врсници во својата категорија и покажа најмногу знаења во шаховска игра. Со тоа заслужено му припадна победничкото признание.

Со ваквите резултати нашиот млад шахист го повторува минатогодишниот успех, кога на Државното првенство во шах за момчиња и девојчиња во Струга го освои првото место во возрасната група до 8 години и се закити со златен медал и шампионски пехар.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.