В сабота, 21 септември, Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево организира концертна прослава по повод празникот Мала Богородица и 20 години од формирањето на Општината.
Настап ќе имаат фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања, Роберт и Панки, а главна ѕвезда на вечерта ќе биде гостинот од Србија, Исак Шабановиќ.
Концертите ќе се одржат во Паркот во Облешево, а официјалното отворање на настанот ќе биде во 19:30 часот.
Организацискиот одбор ги поканува сите граѓани кои се во можност да бидат дел од забавата. Прославата се организира по пауза од четири години поради Ковид пандемијата и лошата финансиска состојба на Општината.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.