– Новите мерки содржат повеќе сегменти. Еден од тие сегмети е да по завршната сметка, а оваа компанија “Макпрогрес“ веќе има инвестиции во изминатата година, оние компании кои што ќе покажат раст, да добијат дел од инвестираната опрема по усвојување на законската регулатива во хали и во нови вработувања и тоа во секоја наредена година по поднесување на завршни сметки, поддршка за учество на саеми, поддршка за добивање на разни сертификати кои се потребни за извоз, рече Зоран Шапуриќ, министер без ресор.
Проширување на капацитети, промоција на нов бренд и нови вработувања, најави сопственикот на “Макпрогрес“, Глигор Цветанов.
– Од страна на министерот бевме запознаени со новите регулативи односно за заложбите на владата за помош на извозно ориентираните компании, за што сме благодарни и ние би аплицирале за искористување на такви мерки. Разговаравме и со градоначалникот на општина Виница за нашите планови за ширење, за изградба на нова фабрика, за нови вработувања. Очекуваме новите економски аташеа кои Владата планира да ги вработи би сакале да им бидеме нивни домаќини да се запознаат со капацитетите на Макпрогрес и после нивниот ангажман би биле наши екомномски амбасадори во странските земји, рече Глигор Цветанов, сопственик на “Макпрогрес“.
Општината ќе ги поддржи домашните компании и ќе помогне во кратењето на бирократските процедури, рече градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
– Разговаравме за зоните кои што ги нуди нашата општина. Се надевам дека добрата соработка со Владата на Македонија ќе даде допринос за поголем број инвестиции во нашата општина. Една таква инвестиција е најавена од фабриката “Макпрогрес“. Се надеваме дека бирократските процедури ќе ги поедноставиме и законите кои што ги има во Македонија и во иднина овие работи ќе можеме многу побрзо и пократко да ги решаваме, рече Ивица Димитров, градоначалник на општина Виница.
Министерот Шапуриќ најави посета и на другите компании во Виница и регионот со цел одблиску да ги чуе проблемите со кои се соочуваат и мерките кои актуелната Влада треба да ги презема за нивна поддршка.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=6_D2UDSflu8
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.