На состанокот беше речено дека колекторскиот систем во Виница е граден во периодот 1982-1984 година и освен објектите во градот, на него се поврзани и селата Градец, Лески, Истибања и Јакимово. Според сегашните законски одредби тој не ги задоволува минималните еколошки стандарди за управување со фекалните и отпадните води.
Идејата е наместо да се гради посебна станица за нивно прочистување, виничкиот колектор да се приклучи на станицата за прочистување што општина Кочани веќе ја гради со швајцарска финансиска помош, со што ќе се заштедат значителни финансиски средства,.
Пречистителната станица за отпадни води кај селото Мојанци е со проектиран капацитет за 65 илјади жители, што се вклопува во предложениот проект на виничката локална самоуправа.
За потребите на физибилити студијата за поврзување на колекторскиот систем, веќе започнаа и истражувањето и анализите на терен, а нацрт-финалниот извештај треба да биде готов до средината на ноември.
Во моментот отпадните води од општина Виница и од околните населени места се испуштаат во водите на реките Брегалница и Осојница.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.