Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Шведски тим од волонтери во Кочани спроведува тридневна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
16 јуни, 2025 12:19
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Шведски тим од волонтери во Кочани спроведува тридневна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“

Под мотото „Пат на заздравување“ седумчлена делегација од градот Гетеборг во Шведска пристигна во Кочани и ќе даде своја поддршка по трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

Во тимот има социјални работнички, пожарникари и преживеани од сличен пожар во дискотека што се случил во Шведска, а во контакти со семејствата на настраданите и со граѓаните на Кочани тие ќе ги пренесат сопствените искуства од заздравувањето и рехабилитацијата по несреќата.

Активностите се во рамки на Програмата за помош на настраданите во пожарот, иницирана и поддржана од Амбасадата на Кралството Шведска и „Europe House“, а во реализација на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ со поддршка од Општина Кочани и SupportKocani.

На промоцијата на Програмата во Кочани, шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин нагласи дека искуствата од вакви трагедии се слични, а иако се случиле во две различни држави, болката и последиците се исти.

-Трагедија од вакви размери претставува траума не само за настраданите и нивните роднини, туку и за општеството во целина. Луѓето во тимот од Гетеборг не се експерти, ниту професионалци, туку нормални човечки суштества кои биле во ситуација да ја почувствуват болката и страдањата што и вас ве погодија. Тие ќе ги споделат своите искуства за надминување на последиците, а како што вели Ларс Ренмарк: ако не ја искористиме нашата трагедија за да им помогнеме на другите, таа ќе остане само трагедија, истакна амбасадорката Ларсон Џеин.

Благодарност за поддршката во име на граѓаните на Кочани и семејствата на настраданите изрази в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

-Три месеци Кочани живее во длабока емотивна, психичка и криза во управувањето со секојдневието. Процесот на закрепнување е подлабок и подолготраен отколку што можеме да си замислиме. Добро е што не сме осамени на тој пат, кој жителите на Гетеборг го поминале  пред 27 години, а со искуствата стекнати во тој процес очекуваме да ни помогнат. Затоа, ви благодариме на сите, особено на Кралството Шведска, за програмата за поддршка на настраданите во пожарот, за организацијата и реализацијата на активностите со кои заеднички ќе забрзаме по патот на заздравувањето, истакна Крстевски.

Шведската делегација во Кочани ќе има тридневни активности со споделувања искуства, отворени и затворени сесии и јавна панел дискусија. За потребите на граѓаните и на семејствата на настраданите ќе биде поделен преводот на книгата „Како редење сложувалка“ чии автори биле дел од трагедијата во Шведска, а во која се собрани искуствата и случувањата по трагичниот настан.

На 29 октомври 1998 година во дискотека во Гетеборг се случил пожар со сличен трагичен исход како и во „Пулс“. На забавата присуствувале 375 луѓе, иако имало капацитет за 150, а притоа загинале 63 млади лица и 213 биле повредени.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кралство шведскатрагедија кочанихуманитарна помош

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“
Кочани

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“

автор: Т. Ајтовски
24 јануари, 2026 16:12
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 36. „Марш за ангелите“ со кој освен барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“, им беше дадена поддршка на младите...

прочитај повеќе
Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани
Кочани

Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани

автор: Т. Ајтовски
23 јануари, 2026 19:13
0

Зголемен број телефонски и интернет измами  заради остварување незаконска финансиска добивка или друг вид корист од повозрасните граѓани регистрираат надлежните полициски служби. Тоа беше повод Здружението на пензионери...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28 thu01/29
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
облаци
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?