– Факултетот за информатика со задоволство ја прифати иницијативата на Клубот по роботика од средното училиште „Ѓошо Викентиев“ да биде покровител и да помогне во реализација на натпреварот First Lego League, регионален натпревар кој ќе се одржи во Словенија. Можам да истакнам дека ги поддржуваме ваквите воннаставни активности бидејќи сметаме дека на овој начин се продлабочува интересот на учениците и студентите за науката, особено за инженерството и математиката и на овој начин учениците и средношколците стекнуваат вештини кои понатаму можат да им бидат од корист на пазарот на трудот, рече проф. д-р Цвета Мартиновска-Бенде, декан на Факултетот по информатика.
Честитајќи им ја победата во Белград, деканката на Факултетот по информатика изрази надеж дека дел од средношколците во иднина ќе бидат нивни студенти. Благодарност за поддршката што Факултетот им ја дава на нашите ученици изрази професорот Гордан Анастасов од средното училиште „Ѓошо Викентиев“.
– Голема чест е за нас што една ваква институција ни даде признание и застанува зад она што го почнавме пред неколку месеци и ќе биде наш покровител за регионалниот натпревар кој ќе биде во Словенија. Ние сме прв клуб од Македонија кој учествува на оваа лига и го освоивме првото место, рече Гордан Анастасов, професор во СОУ “Гошо Викентиев“.
По успехот на натпреварот во Србија, претстојниот настап во Словенија ќе биде од посилен ранг, бидејќи ќе учествуваат поголем број екипи од скоро сите поранешни југословенски републики. Учениците и нивните ментори оценуваат дека овие натпревари се интересни, но и корисни за нив, а се надеваат дека на натпреварот во Словенија, со поддршка од УГД, ќе можат да донесат уште некој медал.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=x7Un857x5QE
{backbutton}
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.