– Руралниот развој е преку искористување на природните богатства со одржлив развој, земјоделството, екологијата и туризмот. Замислата е дека ЛАГ-от ќе има подобар пристап затоа што во европските фондови се работи на окрупнување, со искуствата на поголем број држави употребени се програмите на ЛИДЕР, имплементоирани се поголем дел на проекти, така што приоритетно би било опфаќањето на поголема територија и застапеност, како еден придонес плус за поголем пристап до средствата од Европските фондови, рече Жаклина Паунова Ангелковиќ , претседател на Локалната акциона група “Брегалница.
ЛАГ “Брегалница“ќе биде правно лице помеѓу јавните институции, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата во шесте општини, а во најскоро време ќе се изготви заедничка стратегија за локален развој на руралните средини. Според правилникот ваквите групи можат да опфаќаат подрачја до 30.000 жители, па градот Кочани ќе биде исклучен, но ќе останат другите населени места во општината.
Основањето на ЛАГ “Брегалница“ е согласно повикот што го објави Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за пријавување и воведување на регистар на т.н. ЛАГ-ови за локален развој на руралните средини.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=fa8RuFo4qrg
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.