Општина Кочани објави Јавен повик до спортските клубови, сојузи и здруженија за поднесување предлози за искористување финансиски средства од Програмата за спорт за 2025 година.
Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2024 година на Општина Кочани се должни за потрошените средства од оваа година да достават Извештај до Општина Кочани.
Во Јавниот повик се опишани елементите што треба да ги содржи Извештајот за потрошените средства и критериумите за доделување средства за 2025 година.
Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2024 година на Општина Кочани треба да го достават Извештајот до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани најдоцна до 27.11.2024 година. Поднесениот Извештај претставува услов за користење финансиски средства за претстојната година.
Образецот на Извештајот за наменски средства доделени од општинскиот буџет е објавен на веб-страницата на Општина Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.