Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Јавна трибина со граѓаните за нацрт-буџетот за 2019, иницијатива за нов плоштад во центарот на Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 ноември, 2018 19:38
во Некатегоризирано
време на читање: 5 мин.
A A

Потоа во дебатата се вклучија присутните граѓани, претставници од урбаните и месните заедници, како и од невладини здруженија. Се разговараше за актуелни прашања и потреби од јавен интерес што имаат пошироко локално значење. Освен за изградба и асфалтирање на неколку улици, на расправата се слушнаа и мислења за проблемите со јавниот паркинг, за локација на катна гаража во централното градско подрачје, за нови парковски решенија, како и за дислокација на Градскиот пазар.

Градоначалникот Илијев, кој одговараше на прашањата на граѓаните, претстави и идеја за изградба и уредување на нов плоштад, што според размислувањата би можел да се лоцира на местото на сегашниот парк кај Центарот за култура „Бели мугри“.

– Целиот тој потег, почнувајќи oд ресторанот „Пролет“ и завршувајќи до мостот кај Шопингот, целиот тој простор да биде уреден на модерен начин, плоштад кој му е повеќе од потребен на Кочани. Со реконструкцијата на оваа зграда, таа целата ќе светне и ќе има убавина, ќе може да се види и да се ужива во нејзината убавина. Вака ако го оставиме, едно дрвце, овде малку цвеќе, овде зеленило, ќе направиме се и ништо. Затоа мислам дека овој предлог заслужува внимание, да се размислува и да се разговара за него. Не барам бланко поддршка, туку барам секој од граѓаните кога ќе поминува да размисли за оваа идеја, дека навистина  можеме да добиеме едно решение за плоштад кое ќе ги задоволи сите потреби на граѓаните. Значи, таму ќе има и движење и шетање, со фонтани, освежување и така натаму. Едноставно, според принципот и теркот на поголемите урбани градови да добиеме една убава целина и убава средина, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Со предлогот за уредување на плоштад на оваа локација би се задржале и вклопиле постојните спомен обележежја, а решавањето на потребата за парк би се префрлила на ридот Локубија, што заедно со обновувањето на Споменикот на слободата би обезбедило голем парковски комплекс.

Идејата за нов плоштад кај ЦК „Бели мугри“ доби поддршка од присутните граѓани на јавната трибина, а беше најавено дека за целата идеја неопходно ќе биде да се организира посебна расправа со што поголема вклученост на јавноста.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=i7FH1SPunqQ

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
Каратистот Филип Стојанов патува со македонската репрезентација на Европското првенство на Кипар
Спорт

Каратистот Филип Стојанов патува со македонската репрезентација на Европското првенство на Кипар

автор: Т. Ајтовски
3 февруари, 2026 10:15
0

Кочанскиот каратист Филип Стојанов, член на КК „Партизан“, како дел од Македонската карате репрезентација ќе учествува на Европското карате првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21-годишна возраст...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 7, 2026 - саб
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
92%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?