Посетата на Виничко Кале и ја раскажа приказната и историјата на овој град, кој за првпат се најде во нејзината агенда, но ќе направи одлична промоција за јапонските туристи.
– Како што можев да чујам и да видам вие сте едни од поголемите производители на нашата главна храна – оризот и тука веќе ја гледам нашата поврзаност и близина. Со вашиот градоначалник разговаравме за нашата соработка, за идните проекти во интерес на граѓаните. Во Виница има што да се види, се надевам дека јапонски туристи ќе го посетат вашиот град, а да се надевам и дека луѓе од Виница ќе ја посетат Јапонија, рече КеикоХанада, амбасадорка на Јапонија.
Во интерес на продлабочување на идната соработка, во музејот “Теракота“ градоначалникот Димитров на амбасадорката и врачи копија од теракотните икони и примерок од виничката монографија.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=LT6QyoTddWI
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.