– Во наредните денови очекувам конечно да биде поврзана линијата од Дончово кладенче вклучена во водоводната режа на Виница со што ќе биде избегнат недостатокот на вода во текот на летните месеци во горната зона, а со тоа ќе оствариме и заштеда на електрична енергија за околу шест пати, бидејќи сега водата се препумпува со неколку пумпи од седум киловати, а наскоро тоа ќе се прави само со една пумпа. Дончово кладенче е поврзано со цевка со пречник 140 на 16 бари, рече Игор Христов, директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница.
Со поддршка од Локалната самоуправа, виничките комуналци работат и на реконструкција на дел од главната водоводната линија за селото Јакимово, како и на цевководот од излезната линија кон селото Лески, каде ќе се постави цевка со пречник од 90 милиметри и притисок од 10 бари.
Паралелно со овие активности, се комплетира и втората фаза од реконструкцијата на деталната водоводна мрежа во Виница во должина од 3,7 километри, при што се работи на приклучување на корисниците.
Покрај водоснабдувањето, од ЈКП “Солидарност“ најавуваат дека од почетокот на идниот месец ќе започне реконструкцијата на два крака во должина од 200 метри на канализациската мрежа во селото Трсино.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.