– Бев на три турнири оваа година, на “Наум Наумовски Борче“ освоив прво место кај девојчињата, на меѓународниот турнир „Јахја Кемал“ освоив четврто место и на Државниот прво место, со што стекнав да одам на Европско. И таму ќе има категории, и кај У10 сакам да бидам на некое погорно место, рече Јована Давиткова, член на Шаховскиот клуб “Кочани“.
Претседателот на Шаховскиот клуб, Тодор Милосиев е и тренер на младата Давиткова, покрај која тој работи со уште тројца талентирани пионери.
– Ова е голем успех бидејќи во Македоноија во неколку градови има шаховски школи, особено во „Јахја Кемал“, каде што Орце Данчевски држи часови. И во таква конкуренција да се биде прв во Републиката, мислам дека е голем успех, за Јована и за градот. Да упатам апел до организациите во градот, да помогнат на шаховскиот клуб, ние ќе упатиме барање до повеќе фирми, бидејќи не треба да се испушти оваа шанса, Јована да настапи во Рига, Литванија на Европското првенство, каде што може да постигне прилично добар резултат, бидејќи пред еден месец беше на турнирот во „Јахја Кемал“, тоа беше меѓународен турнир, со учеснички од Норвешка, Белгија, Бугарија, Грција, а Јована во нејзината категорија го зазеде четвртото место, што е прилично добар успех, рече Тодор Милосиев, претседател на ШК „Кочани“.
Според најавите, Европското шаховско првенство во Литванија ќе се одржи во август, што значи дека Давиткова ќе има доволно време да се подготви за учеството, а истовремено да се приберат неопходните финансиски средтва за да се покријат трошоците за патувањето и престојот во Рига.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.