– Натпреварот беше прилично тежок, имаше доста конкуренција, беа најдобрите 40 ученици од Македонија, од Кочани бевме околу 20 ученици. Значи, се подготвувам со професорката Павлина Атанасова, имаме уште два месеци да се подготвиме за Светското првенство. Од Светското првенство се надевам дека ќе се вратиме со медал, рече Јорданчо Ефтимов, победник на натпреварот во Скопје.
Ефтимов планира образованието да го продолжи во областа на информатиката, поради што желба му е да се запише на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ во Скопје.
Според најавите, на Светското првенство во Орландо, што ќе се одржи во август, тој ќе се натпреварува со претставниците на повеќе од 140 земји и ќе се бори за титулата најдобар Microsoft Office Specialist во светот.
Натпреварот се одржува трета година по ред, а лани нашата држава на Светскиот натпревар во Америка ја претставуваше Драгана Јакимова од Кочани.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.