Во рамки на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани“ денеска се одржа состанок за воведување во работите на избраниот изведувач кој ќе врши надградба на постојните улични кабинети со паметни уреди за управување и мерење на енергијата во системот за јавно осветлување во општина Кочани.
Во наредниот период, до крајот на април, „Македонски телеком“ како изведувач на работите, во 69 улични кабинети ќе постави паметни уреди. Tие ќе придонесат за подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување во Кочани и за заштеда и поефикасно искористување на електричната енергија.

Овој проект кој е поддржан од проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој“, претставува чекор напред кон модернизацијата и управувањето со енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.