Понатаму, со комората е договорено апликацијата на микрочиповите да биде бесплатна, а ќе се наплаќа пасошот за животното што ќе се дава, тоа ќе си го наплатат друштвата, рече Зоран Атанасов, в.д. директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Активностите за микрочипување се очекува да започнат во мај или јуни, односно откако ќе бидат испорачани микрочиповите за животните. Во меѓувреме ќе има контакти и со локалните самоуправаи за и тие да ги исполнат своите обрврски од стратегијата.
– Ќе направиме состаноци со Општините, да ги потсетиме на законските обврски кои што ги имаат, дека мораат да направат пребројување, дека мора да направат соодветни места што ќе ги обележат, каде можат да се движат кучињата, односно сопстевниците на домашни миленици каде можат да ги движат, и дека имаат договорност да формираат, односно да склучат договори со шинтерски служби или да формираат прифатилиште, односно да склучат договор со некое прифатилиште, а законска обврска е преку Советот да си донесат програма како би се српавиле со овој проблем, додаде Атанасов.
Законска обврска е секој граѓанин кој чува домашен миленик да овозможи поставување на микрочипот и да го вакцинира против беснило. Сопствениците што нема да постапат во согласност со пропишаните закони, ќе плаќаат казни. По поставувањето на чипот, податоците ќе служат за здравствена легитимација во која ќе биде заведен сопственикот на животното.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=GD_sT7hHJ48
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.