Во Виница ќе се реконструира дел од водоводната мрежа во Ромското Маало. Градоначалникот Миле Петков потпиша договор со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за реализација на проектот „Реконструкција на дел од водоводната мрежа во Општина Виница“.
Сумата што ќе се добие за овој проект е над 1,26 милиони денари, а во зависност од потребите Општината дополнително ќе кофинансира од сопствениот буџет.
Договорот е потпишан врз основа на претходно поденесената апликација за користење на средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година, а со поддршка за имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите.
Реконструкција на водоводната мрежа ќе се реализира на дел од улицата „Иво Лола Рибар“ до спојот со „Маршал Тито“, во вкупна должина од 270 метри, со работен пресек Ф-225 мм. Со градежните работи ќе се изврши и преспојување на постоечките водоводни линии со реконструираната линија.
Според најавите од Општина Виница, наскоро се очекува да биде објавен јавниот повик за избор на изведувач, по што ќе почнат активностите на терен кои треба да се комплетираат до крајот на годината.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.