Во рамки на подобрувањето на сообраќајната инфраструктура во населените места во општината, Локалната самоуправа на Кочани почна постапка со која ќе се реконстурира дел од улицата „Александар Митев“ во Тркање. Се работи за крак во должина од 400 метри и ширина од 4 метри, на кој ќе се замени оштетениот асфалтен слој.

Во тек е тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи, а за што се предвидени близу 3 милиони денари од од буџетот на Општината.
Со реконструкцијата на кракот, освен преасфалтирањето на коловозот, фирмата што ќе биде избрана ќе преземе обврска да изврши набавка и нивелација на металаните капаци од постојните три шахти со висината на асфалтот. Дополнително, ќе треба да изработи и банкини со ширина од околу половина метар од двете страни на улицата.
Во моментот тече рокот на јавниот повик, а пријавувањето на заинтересираните фирми трае до 26 јуни. По завршувањето на изборот ќе се склучи договор со изведувачот, кој ќе треба целата реконструкција на сообраќајницата во Тркање да ја комплетира во период од 4 месеци.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.