Трева висока повеќе од еден метар покрива јавни и сообраќајни површини на улиците „Рајко Жинзифов“ и „АСНОМ“ во Кочани.
Жителите кои повеќепати барале од комуналните служби да се стави ред во непосредната околина, крајно се незадоволни од нивната пасивност. Тие се жалат дека бујната вегетација пречи при движењето на пешаците и дека станува лежиште на отпад и опасност од зарази.
Семејствата што имаат можност веќе подолг период сами ја косат тревата и се грижат за хигиената во околината, најавувајќи дека здружено ќе бараат одговор од комуналците зошто плаќаат за услуги кои никој не им ги испорачува.
Врв на џунглата во овој централен дел на Кочани со нови станбени згради, е тротоарот на улицата „АСНОМ“, каде повеќе од половина година нема кој да ги нареди извадените бекатон плочки, па од израстената трева веќе не се ни познава дека тоа, всушност е тротоар.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.