Милосов е ученик во класата на професорот Петар Поповски, кој го истакнува талентот на неговиот ученик, но и потребата од постојано вежбање.
– Како професор лично, е големо достигнување и круна на макотрпната работа што ја имаме со учениците во ОМУ „Ристо Јуруков“. Ова е своевиден поттик и за другите ученици, значи 90 отсто е работа, а 10 отсто е талент, наша работа е да го препознаеме и да го обликуваме талентот и понатаму останува на учениците да се покажат во најдобро светло, рече Петар Поповски, професор по виолина во ОМУ „Ристо Јуруков“.
Постигнувањата на Милосов се резултат и на поддршката што тој ја добива од училиштето, но секако и од семејството.
– Во принцип Иван е дете кое и да има трема не ја покажува, за него тоа е одлично, мислам дека 15 минути пред да тргнеме на настапот беше свесен дека всушност е место и време кога треба да настапува. Покажа за првпат трема, меѓутоа со помош на неговиот наставник Петар Поповски, а и под менторство на Ана Кондратенко успеа да ја совлада тремата и ја имавме таа чест како најмал и најмлад учесник да ја отвори сцената и да настапи прв, рече Мимица Милосова, мајка на Иван.
Дека времето на младите музички таленти допрва доаѓа потврда е настапот токму на Милосов со Македонската филхармонија. Од него и од неговите училишни другари од ОМУ „Ристо Јуруков“ јавноста во Кочани и пошироко очекува нови успеси и настапи на важни манифестации и со големи оркестри.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.