Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

11. „Марш за ангелите“: „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, институциите да побрзаат со постапките

автор: Т. Ајтовски
28 јуни, 2025
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
11. „Марш за ангелите“: „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, институциите да побрзаат со постапките

Бараме од институциите да побрзаат со постапките против осомничените за трагедијата, нашите починати чеда заслужуваат правда и не сакаме ова да биде уште една трагедија што ќе остане заглавена во административните архиви, порачаа родителите на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ на денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани.

Колоната на единаесеттиот протестен марш, што почна во 18 часот и 5 минути, ја мина вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани. Со свирежи и гласни извици пред Полициската станица и пред Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани, родителите го искажаа незадоволството од текот на постапката.

-Одговорните во институциите да ја сфатат нашата неизмерна загуба со која живееме секој ден и да постапат побрзо. Сите докази веќе им се во рацете, снимките, нашите сведоштва, сѐ што видовме со свои очи таа кобна вечер. Зошто сѐ уште нема одговорност, до кога ќе чекаме одговор од ОЈО ГОК? Тие имаат толку многу докази од сведоци, од нас директно како сведоци и од камерите за видеонадзор. Тоа се докази кои водат до одговорност на Министерството за внатрешни работи и на институциите кои требаше да се грижат за јавниот ред и мир и за безбедноста. Нашите ангели заслужуваат правда сите, а ние ја заслужуваме вистината, затоа ве молиме побрзајте со постапките, слушнете ја нашата болка за ова да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, истакнаа родителите на собирот пред Јавното обвинителство.

Побараа одговорност од полицијата и од обезбедувањето во „Пулс“ кои не реагирале навреме, но и одговорност поради недоволната подготвеност на  противпожарните екипи и несоодветната опременост и недоволниот персонал во болницата во Кочани.

Како одговор на обвинувањата на социјалните мрежи родителите рекоа дека нивните реакции не се под влијание на ниту една политичка партија, со забелешка дека никој од лидерите на партиите од власта и од опозицијата досега не дошол за да им изрази сочувство.

-Штом си поигруваат со смртта на нашите деца, треба ли партиски да се делиме и на гробиштата. За локалните избори нека ги донесат гласачките кутии на гробовите, порачаа родителите.

Родителите на починатите ги отфрлија и обвинувањата дека тие се одговорни за трагедијата со тоа што им дозволиле на децата да одат во „Пулс“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден
Кочани

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден

автор: Администратор
11 јули, 2025
0

По повод Петровден, празникот на Кочани, в. д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски ги награди првенците на генерацијата и најуспешните екипи и ученици од основните и средните...

прочитај повеќе
Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани
Кочани

Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани

автор: Администратор
10 јули, 2025
0

Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани, како лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, распишува оглас за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 11, 2025 - пет
Кочани, MK
23°C
облаци
облаци
3 m/s, NE
42%
759.81 mmHg
fri07/11 sat07/12 sun07/13 mon07/14 tue07/15
-/23°C
одвоени облаци
32/19°C
чисто небо
36/20°C
облаци
37/22°C
одвоени облаци
36/23°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?