Младите членови на Клубот за гимнастички спортови од Кочани постигнаа успех на натпреварите на домашна сцена. На Државното првенство во “А“ и “Б“ програмата во машка и женска конкуренција нашите претставници се вратија со шест први, пет втори и едно трето место во поединечна конкуренција.
Домаќин на првенството беше КГС „Партизан“ од Битола, а натпреварите поминаа во одлична атмосфера, при што се постигнати солидни резултати. Меѓу нив се истакнаа и членовите на КГС „Кочани“, при што учествуваа 17 натпреварувачи, а 12 од нив се закитија со едно првите три признанија.

Освојувачи на прво место во “А“ програмата во машка конкуренција се Мартин Андонов, Лука Естатиевски и Матеј Постолов кај постарите пионери. Второто место му припадна на Максим Петров.
Во “Б“ програмата пак, првото место и златниот медал кај нашите гимнастичари го освои Дамјан Ѓоргиев, а второпласиран беше Филип Иванов.

Во женска конкуренција, во “Б“ програмата, гимнастичарките од Кочани освоија вкупно шест медали. Првопласирани во своите категории се Иларија Цветкова и Ана Ајтовска, на второто место се најдоа Дариа Стојков, Бисера Лазарова и Матеа Глигорова, додека Мелани Постолова заврши на третото место.



©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.