Општинска организација на Црвен крст – Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.
На акцијата која траеше од изутрина до напладне крв даруваа 13 крводарители.

-Акцијата е прва што годинава ја спроведуваме во соработка со кочанската полиција. Во текот на годината редовно спроведуваме по три крводарителски акции за вработените во ОВР-Кочани. На годишно ниво на трите акции се собираат во просек над 60 крвни единици. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите дарители кои учествувааат на крводарителските акции и придонесуваат за обезбедување на крвните резерви, соопштија од Црвен крст – Кочани.
Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.