Вкупно 13 медали освоија членовите на Клубот за гимнастички спортови „Партизан“ од Кочани на завршниот турнир од Државното првенство во машка и женска конкуренција, што викендов се одржа во салата на КГС „Партизан – Орце Николов“ во Скопје.
Нашите гимнастичарки и гимнастичари се закитија со 4 златни, 5 сребрени и 3 бронзени медаи во поединечна конкуренција, додека златен медал во екипна конкуренција освоија девојчињата во категоријата деца до 7-годишна возраст.
Кај девојчињата во категорија деца, првото место ѝ припадна на Дариа Стојков, а второпласирана беше Сара Стојановска.
Златен медал кај девојчињата освои Иларија Цветковски во категоријата јуниорки Б лига, со сребро се закити Бисера Лазарова во категорија млади јуниорки Б лига, а бронзените медали им припаднаа на Мелани Постолова кај постарите пионерки Б лига и на Ана Ајтовска кај сениорките во Б лига.
Меѓу момчињата најуспешни беа Лука Естатиевски кај постарите пионери А лига и Мартин Андонов кај јуниорите А лига, кои се зкитија со златни медали. Второ место и сребрен медал освоија Максим Петров во категорија помлади пионери А лига, Матеј Постолов во категорија млади јуниори А лига и Филип Иванов кај сениорите Б лига. Третопласиран беше Дамјан Ѓорѓиев во сенироска конкуренција Б лига.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.