Успешен настап на меѓународнот турнир Гранд при Скопје имаа младите членови ка карате клубот „Кочани“. Натпреварот го организираа карате клубот „Цветан Димов“ и Карате федерација на Македонија, а настапија 700 натпреварувачи од земјата и странство.
Нашиот клуб настапи со 10 каратисти, а освоија 13 медали.
Првото место и златни медали им припаднаа на Алексеј Ристов во категоријата У10 +30 кг и на Дамјан Симеонов У12 -35 кг., а второпласирана и сребрен медал во категоријата У14 -49 кг освои Илина Костадинова.
На трето место со бронзени медали се закитија Лана Ристова У12 +40кг, Илина Костадинова У12 +40 кг и кадетки -47кг, Душанка Ристова во У14 -49кг и во У14 +49 кг, Лука Златков У14 -55кг и кадети -57кг, Томислав Ристов кадети -52 кг и У14 -50 кг и Лука Ѓоргиев јуниори -61 кг.
Иако се очекуваше да освои медал, Катерина Стојановска поради повреда предвреме ги заврши своите борби.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






