Општинската организација на Црвен крст – Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе последната крводарителска акција за 2024 година. Крв даруваа 13 вработени службеници во кочанската полиција.
-Ова е трета последна крводарителска акција што се спроведува во ОВР- Кочани за 2024 година. Слободно можам да истакнам дека има интерес за крводарување од страна на колегите, факт што радува и затоа приликата ја користам да се заблагодарам на сите кои даруваа крв на оваа, но и на претходните две крводарителски акции. Полициската станица – Кочани на трите крводарителски акции кои ги реализираме во текот на календарската година придонесува со собирање на над 60 крвни единици, што е за почит. Се надевам дека ваквата практика ќе продолжи и во годината што следува, истакна Сашка Стојанова, координатор за крводарување во ОВР-Кочани.
Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Вообичаено, Црвен крст – Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции, во месеците март, јуни и ноемвири, наменети за вработените во кочанската полиција.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.