Во категоријата на ветерани најиздржливи беа Мирослав Арџиќ и Златко Жоглев, а третото место му припадна на Кирил Велковски. Кај жените пак Валентина Узуновска го освои првото место одкако ја истрча патеката за 2 часа.
Потешка задача имаа натпреварувачите на патека Чупино трјел со должина од 30 километри. Во машка конкуренција најдобар резултат покажа Александар Спасов од Бугарија кој ја помина патеката за 3 часа и 48 минути.
Во женска конкуренција најдобар скор покажа Сања Најдовска која ја истрча патеката за 5 часа и 39 минути,додека во категоријата ветерани пак Сашко Јосифовски се закити со првото место.
На трката учествувааа околу 130 натпреварувачи од земјава и странство, а на најдобрите од Градоначалникот Ивица Димитров е им врачи вредносни ваучери.
Воедно органозиаторите беа задоволни од учеството на натпреварувачите со надеж дека во иднина оваа трка ќе прерасне во традиција.
Чупино трејл 2018 беше во организација на Running Squad, со поддршка на Општината и Ротари клубот Кочани-Виница, а се оддржа во рамки на манифестацијата “74 години слободна Виница“.
И. Матеничарски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.