Градоначалникот Илијев, при неодамнешното гостување во емисијата “Осумаголник“ на Канал 8 рече дека во план е целосна реконструкција на Центарот за култура, како објект со посебна културна вредност и значење за општината и регионот. Притоа потенцираше дека определената сума ќе овозможи реализирање само на еден дел од планираните работи, па се очекува да се добие и дополнителна поддршка.
– Сакаме автентично да го задржиме неговиот изглед, за таа намена, за почеток добивме 13,5 милиони денари, што нема да бидат доволни, меѓутоа има најави дека со ребалансот на буџетот веројатно ќе се обезбедат дополнителни средства за да можеме да го реконструираме комплетно Центарот за култура. Ќе биде одлука на стручните лица што најпрвин, веројатно ќе се одлучат да ја направат фасадата, кровот и се што е надворешно да го заштитиме, а после тоа веројатно ќе следи уште една толкава акција каде треба и внатрешно комплетно да биде реновирано и да се стави во функција на граѓаните, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Последен пат поголем зафат на зградата на Центарот за култура во Кочани се направи пред околу 8 години кога беше променета кровната конструкција и се покри една од страничните тераси. Најави за обновување на фасадата и на внатрешноста имаше и на почетокот на минатата година, но тогашното министерство за култура не даде информаци зошто парите не беа префрлени и не започнаа градежните работи.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=qSDER5oiIco
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.