– Во моменот сме на увид на местото каде што се гради водоводната линија од 3,5 километри. Јас се надевам, како што ме информираа надлежните, дека овој проект ќе биде завршен набрзо, најверојатно во наредните за две месеци, така што овие граѓани кои живеат овде ќе можат да се снабдуваат со вода. Дополнително сакам да информирам дека преку Министерството за транспорт и врски останати се 230 илјади евра, средтва за општина Виница кои ќе бидат искористени за проширување на филтер станицата во Виница, а моите очекувања се дека и тој проект ќе биде реализиран преку Министерството за транспорт и врски, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Сугарески додаде дека Министерството за транспорт и врски работи на обезбедување кредитна линија за изградба на водоводна и канализациска мрежа и за локални патишта, поради што апелираше до останатите градоначалници да поднесуваат проекти за да добијат финансиска поддршка.
Инаку, заедно со проширувањето на филтер станицата во Виница, ќе се работи и на поврзување на селото Лески на јавната водоводна мрежа. Со тоа ќе престанат проблемите со водоснабдувањето на жителите од ова населено место кои минатата година имаа прекини од околу 6 месеци.
Министерот Сугарески додаде дека ресорното министерството во соработка со ЈП за државни патишта веќе обезбедило околу 90 милиони денари за реконструкција регионалните патишта во овој дел од државата. Градежните работи се започнати на делниците Виница – Делчево и Виница – Берово со вкупна должина од околу 20 километри.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.