Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

18. „Марш за ангелите“ почна со получасовно доцнење: Се обидуваат преку МВР да нѐ запрат и да нѐ заплашат, но правда мора да има и ќе има

автор: Т. Ајтовски
16 август, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
18. „Марш за ангелите“ почна со получасовно доцнење: Се обидуваат преку МВР да нѐ запрат и да нѐ заплашат, но правда мора да има и ќе има

Токму на осумнаесеттиот „Марш за ангелите“, точно пет месеци по страшната трагедија во клубот „Пулс“, колоната од родителите, роднини, пријатели и граѓани од Кочани за првпат не тргна во најавениот термин за да им оддаде почит на загинатите во пожарот.

Наместо во 18:05 часот, Маршот почна со скоро получасовно задоцнување, а причина за тоа е што учесниците на протестот чекале да им се придружат граѓани од други градови, но дошле до информации дека тие биле запрени од страна на полициска контрола на влезот на Кочани. По краткиот разговор со одговорните во кочанското Одделение за внатрешни работи беше дозволено тие да им се придужат, по што колоната тргна од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар.

Со транспаренти и во тишина учесниците на маршот дојдоа пред зградата на Општината, каде без никакво јавно обраќање се задржаа кратко, а потоа се упатија кон Полициската станица.

-Денеска, 16 август се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашиот живот. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува, секоја мисла води кон нив, секој миг е обоен со тагата по изгубеното. Спомените се единствената сила што нѐ држи исправени, мостот меѓу вчера и денес, меѓу присуството и тишината. Љубовта што ја оставија зад себе е вечна и никогаш нема да згасне. Таа љубов е нашиот патоказ, нашата светлина во темнината и доказ дека тие живеат во нас засекогаш. Токму затоа, денес со длабока огорченост и сериозност се обраќаме како семејства на загинатите млади животи – со неверување и длабока огорченост го прочитавме повикот на Синдикатот на МВР со кој се повикуваат полициските службеници против кои се изречени мерки за претпазливост и решение за мирување на работен однос, да бараат правна поддршка од Синдикатот затоа што имале кредити, хипотеки и долгови. Ние, семејствата на загинатите млади животи во трагедијата во дискотека „Пулс“ даваме апсолутна поддршка на правичната и непристрасна истрага, како и на судската постапка во која вината ќе биде утврдена. Но, должни сме јавно да прашаме дали токму тие службеници совесно ја извршуваа својата должност во кобната ноќ, дали постапија согласно своите службени овластувања и одговорности, дали нивната негрижа придонесе за трагедијата и конечно дали трагедијата можеше да се спречи доколку секоја исполнил својата законска обврска. Ако одговорот е „да“, тогаш зошто загинаа нашите деца? Ние не смееме и нема да дозволиме прашањето за кредити и долгови да биде ставено пред прашањето за човечки животи. Парите никогаш не можат да бидат мерило за живот, кредитите се враќаат ако си жив, здрав и работоспособен. Можеш повторно да заработиш, но нашите деца никој никогаш нема да ни ги врати. Сите имавме семејства, имавме целосни семејства, но денес тие се осакатени. Нам ни остана само болката и кредитите, а најмилите ги загубивме засекогаш. Затоа уште еднаш порачуваме – правдата мора да биде еднаква за сите, животите на нашите најмили се непроценливи, истакнаа родителите и роднините на загинатите.

Учесниците на маршот продолжија по вообичаенета рута кон Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани каде проговорија за обидот на власта да влијае врз барањата за правда за  нивните починати деца.

-Полицијата се дрзна до толку што ги запираше луѓето, организирани да дојдат за поддршка на родителите, а полицајците ги задржаа тие луѓе 20 минути, со легитимирање, претресување,  без никакво образложение. Меѓу овие луѓе нема терорист, нема нарокодилер, нема ниеден криминалец, туку има луѓе само со човечка душа. Им правите притисок, зошто им правите притисок, што се обидувате да скриете? Сето тоа им се прави на чесни чуѓе кои ја бараат правдата. Имам само едно да им  порачам на МВР – да одговорат што значи зборот полицијанид. Знааат и од Обвинителството, знае и министерот Тошковски, истакна Благојчо Ѓоргиев, учесник на „Маршот за ангелите“.

Родителите на загинатите деца во „Пулс“ им оддадоа јавна благодарност на дел од повредените кои лично учествуваа на денешниот „Марш за ангелите“, како и припадници на турската, ромската, албанската и бошњачката етничка заедница, кои преку џамиските одбори, исто така дадоа поддршка на граѓанското Здружение „16 март 2025 – Кочани“ во барањата за правда за загинатите.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NNE
77%
768.82 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?