20-годишно момче од Облешево утрово почина како последица од тешките телесни повреди во сообраќајна несреќа на локалниот пат кон селото Бања.
Обидот да му биде укажана медицинска помош бил неуспешен, а лекарите во Општата болница во Кочани ја констатирале смртта.
-Утрово околу 5:48 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека 20-годишниот А.М. од Облешево, управувајќи патничко возило „поло“ со штипски регистерски ознаки, излетал од коловозот на локалниот патен правец Облешево – Бања. Тој бил пренесен во болницата во Кочани каде починал од здобиените повреди, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Во возилото немало сопатници, а екипа на Одделението за внатрешни работи од Кочани направила увид на местото на несреќата.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.