– Јас се натпреварував во двете категории „борби“ екипно и го освоивме златниот медал и во „борби“ поединечно го освоив второто место. Се натпреварував во категорија „кадети“ 2003 – 2004 година. Имав три борби и не беше лесно да се дојде до ваков успех, но ќе продолжиме и понатаму со тренирање, рече Ива Таушанова, член на КК „Партизан“.
Инаку, каратистите сите овие години за учество на меѓународни турнири сами се финансираат, односно нивните родители, па затоа упатуваат апел до бизнис секторот во Кочани и до градоначалникот и општината ако е можно во иднина да финансираат дел од трошоците за учество, бидејќи нивните успеси претставуваат успех и за самиот град.
– Во сите натпревари секогаш финансиски не поддржуваат нашите родители, па затоа од тука упатуваме еден апел до бизнис секторот и до градоначалникот на општината ако можат финансиски да не поддржат во патувањето, додаде Шахинова.
Членовите на КК „Партизан“ од Кочани работат под раководство на тренерите Оливер Коцев и Јорданчо Петров кои што своите каратисти веќе ги подготвуваат за следнот турнир што ќе се одржи во Скопје, а во текот на 2018 ќе земат учество и на други државни и меѓународни турнири.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=aOJQVdfJ1Ps
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.