Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

22. „Mарш за ангелите“ во Koчани: Не се откажуваме од барањето правда за нашите деца, бараме оставка од министерот за внатрешни работи

автор: Т. Ајтовски
16 септември, 2025 17:10
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
22. „Mарш за ангелите“ во Koчани: Не се откажуваме од барањето правда за нашите деца, бараме оставка од министерот за внатрешни работи

„Оваа трагедија во Кочани не е предизвикана од една искра или од невнимание. Таа е последица на системска слабост и неодговорност.  Ова не е само несреќа. Ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“ – порачаа родителите на загинатите деца во „Пулс“ на денешниот 22. „Марш за ангелите“ во Кочани, што се одржа точно шест месеци по трагичниот пожар.

Учесниците на Маршот тргнаа од „Паркот на Револуцијата“ и се упатија кон Јавното обвинителство и Основниот суд каде побараа правда за смртаа на децата, како и одговорност од сите надлежни поединци и институции.

-Директната вина е кај сопствениците и организаторите кои отворија врати без дозволи, без безбедносни системи, со еден единствен излез и со двојно повеќе луѓе од дозволеното. Знаеме кој ги отвори вратите на клубот. Знаеме кој земал пари и пуштил внатре двапати повеќе луѓе од дозволеното. Знаеме кој ставил пиротехника во затворен простор. Тие се директните виновници. Тоа е криминал со човечки животи. Но, не застанува тука. Каде беа институциите? Каде беа инспекциите што мораа да го затворат клубот уште пред да се отвори? Каде беа службениците кои требаше да го проверуваат секој чекор? Тие молчеа. Тие не постапија. Институциите не се независни тела – тие се дел од државата. Под нив стојат општините, министерствата, Владата. Ако тие не ја завршиле работата, тогаш државата има одговорност. Ако инспектор молчи, ако службеник потпишува на слепо, ако министер не презема мерки – тогаш вината не е само индивидуална, туку и државна. Државата има одговорност! Државата не може да се сокрие зад сопствениците, истакна Васка Лазарова, мајка на починатиот фудбалер Андреј Лазаров.

Родителите порачаа дека бараат вистинска правда и промена, затоа што оваа трагедија не е само за семејствата кои изгубија, туку за целата држава.

Потоа колоната се упати кон Полициската станица каде беше нагласено дека секој од 62-та изгубени животи е сведоштво за молкот, занемарувањето и корупцијата што со години ја трујат државата.

-Тоа не беше несреќа – тоа беше убиство! Убиство дозволено и заштитено од државата. Деко не беше газда, туку монструм што единствено знаеше да плаќа рекет и да купува заштита од политичари и мафија. Михаил, неговиот син, беше соучесник – не застанаа да ги спасат нашите деца, туку ги оставија да изгорат! Полицијата, инспекциите, финансиските органи, безбедносните структури – сите тие, со своето молчење и со своето недејствување, се претворија во соучесници. Наместо да ја кажат вистината, тие избраа да ја затворат устата. Наместо правда, тие избраа корупција и прикривање. Нашите деца никогаш повеќе нема да се вратат. Но вистината ќе ја урламе гласно – дека Деко и Михаил се директно одговорни, а секој политичар што ги штител има крв на рацете! Бараме одговорност. Бараме вистина. Бараме правда за нашите деца. И ќе продолжиме да зборуваме сè додека секој што со своето дело или со своето молчење придонел за оваа трагедија не биде изведен пред лицето на правдата, истакна Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.

Маршот продолжи кон Управата за јавни приходи во Кочани, каде беа побарани оставки од највисоките структури во власта.

-Документите за пензија пет месеци стоеја во МВР во Пробиштип. Пет месеци мене никој не ме праша како истерав до сега. А вие на местото од сопругот ја примивте сестра му. Каде е правдата? Никаде нема правда. Со договор и со поткуп сѐ се може, но моие деца останаа без татко. По кој основ Тоше е испратен во Кочани, бил од 7 до 7 на работа, во 10 пак да оди во Кочани на работа. По која наредба бил пратен таму, кој му ја дал таа наредба? Чекам одговор од министерот да ми одговори, а не да вработува сѐ и сешто, истакна Јованка Тодоровска, сопруга на загинатиот полицаец од Пробиштип.

-Каде е вистината, нели вистината ќе излезеше на виделина? Сега бараме оставка од вас, затоа што на лагите ѝ се кратки нозеете. Ако не си дадете оставка сега, ние личмно ќе дојдеме во Скопје и ќе бараме оставка. Затоа што вие не заслужувате да ја водите нашата држава, вие само ветувате, а не исполнувате. Ветивте безбедност на нашите деца, гледаме колку се безбедни, секој ден има смртни случаи, има пожари, има убиства, вие не сте за тоа позиција. Бараме оставка од министерот и од премиерот, таткото на државата, истакна Габриела Наунова која нагласи дека бараат оставка од министерот Панче Тошковски и од премиерот Христијан Мицкоски.

22. „Марш за ангелите“ заврши од каде што и почна – во Паркот на Револуцијата, за каде беше најавен комеморативен собир со палење свеќи и пуштање балони во спомен на жртвите од „Пулс“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош
Кочани

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош

автор: Т. Ајтовски
16 февруари, 2026 16:05
0

Земјоделците кои одгледуваат ориз се соочуваат со построги критериуми за добивање финансиска поддршка од државата, а клучната промена што предизвикува загриженост кај малите земјоделски стопанства е зголемувањето на...

прочитај повеќе
Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот
Кочани

Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот

автор: Т. Ајтовски
13 февруари, 2026 12:42
0

Општина Кочани денеска ја одржа најавената јавна презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 (Текешински Лозја и околината) од ГУП за град Кочани за планскиот период...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
силен дожд
силен дожд
2 m/s, NW
98%
745.56 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
-/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?