Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

30 отсто од 15-годишните девојчиња во државата се чувствуваат осамено, а над 20 отсто сериозно размислувале за самоубиство

автор: Д. Николов
17 ноември, 2023
во Кочани, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
30 отсто од 15-годишните девојчиња во државата се чувствуваат осамено, а над 20 отсто сериозно размислувале за самоубиство

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата на 15-годишна возраст во земјава, при што повеќе од една третина се чувствуваат осамено, а дури 21 отсто сериозно размислувале за самоубиство. Кај момчињата на иста возраст 12 отсто имале чувство на осаменост, а 10 отсто помислиле сами да си го одземат животот.

Тоа се само дел од националните наоди во рамки на меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години“, што ги направи Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, а  што денеска беа презентирани во Кочани.

Испитувањата во студијата се направени на репрезентативен примерок од 5.132 ученика кои скоро подеднакво се распределени во групи на возраст од 11, 13 и 15 години.

-Со возраста на децата се зголемува процентот на оние кои се пожалиле на психосоматски тегоби еднаш неделно, при што позасегнати, со 64 отсто, се девојчињата на 15 години, додека момињата се со 37 отсто. Родовите разлики се уште поизразени кај депресивното расположение, при што една третина од момчињата и над една половина од девојчињата дале позитивен одговор на ова прашање. Во однос на тоа колку се задоволни од животот, младите кај нас се во горната половина во однос на нивните врсници на светско ниво, но повторно се забележува опаѓање со зголемување на возраста. 70 отсто од девојчињата и 63 отсто од момчињата на 11-годишна возраст одговориле позитивно, додека 40 отсто девојчиња и 33 отсто момчиња на возраст од 15 години рекле дека се задоволни од животот, истакна Маја Цветаноска, истражувач во ХБСЦ студијата.

На презентацијата беше нагласено дека 40 отсто од младите во државата изјавиле оти живеат во сиромаштија, а само 20 отсто биле релативно имотни, при што традиционалните заедница и вредности генерираат родови нееднаквости, дискриминација и насилство. Младите се среќаваат со амбиент на нетолеранција на различностите и неказнивост на насилствата во семејството, училиштето и заедницата.

-Скоро приближен процент од 35 отсто момчиња и девојчиња на 15 години изјавиле дека еднаш или повеќе пати во еден месец користеле алкохол, додека 22 отсто момчиња и 19 отсто девојчиња во истиот период пушеле цигари. Една петина од испитаниците од двата пола на иста возраст се пожалиле на малтретирање, а по околу 15 отсто биле жртви на сајбер малтретирање. 40 отсто од момчињата, а 24 отсто девојчиња учествувале во тепачки, истакна Иван Христов, истражувач во ХБСЦ студијата.

Во рамки на презентацијата во Кочани беа изнесени податоци и за проблематичното користење на социјалните медиуми, ризичните однесувања на младите при вљубување, сексуалната активност во адолесценцијата, приврзаноста кон училиштето, поддршката од семејството и наставниците и други параметри. Заеднички беше заклучокот дека родовите нееднаквости ги засегаат сите млади, без разлика на етничката припадност, религиските уверувања и сексуалната ориентација.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочаниХБСЦ студија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
4°C
облаци
облаци
1 m/s, NE
82%
768.07 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/4°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?