Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

37. „Марш за ангелите“ во Кочани: Ја нема ветената динамика за судењето, гледаме обвинети кои одеднаш, од здрави стануваат болни

автор: Т. Ајтовски
21 февруари, 2026 18:57
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
37. „Марш за ангелите“ во Кочани: Ја нема ветената динамика за судењето, гледаме обвинети кои одеднаш, од здрави стануваат болни

По околу едномесечна пауза, граѓаните на Кочани денеска излегоа на 37. „Марш за ангелите“ што го организирше Здружението „16 март 2025 Кочани“, а на кој беше изразен револт од текот на судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Маршот почна од Паркот на Револуцијата, продолжувајќи низ Трговскиот центар, пред Управата за јавни приходи и Полициската станица, а силни пораки беа упатени пред зградата на Основниот суд и Јавното обвинителство.

Пред присутните се обрати претседателот на Здружението, Александар Наунов критикувајќи ги правосудните органи, потсетувајќи на првичните ветувања на судиите и обвинителите дека ќе има по две рочишта неделно и строга контрола врз медицинските оправдувања на обвинетите.

-Денес прашуваме: каде се тие ветувања? Гледаме одложувања, гледаме оправдувања. Во месец јануари се одржа само едно рочиште. Во февруари досега се одржаа две, а до крајот на месецот е закажано уште едно — ако воопшто се одржи. И токму затоа прашуваме: каде е ветената динамика? Каде е најавеното темпо од две рочишта неделно? Гледаме обвинети кои одеднаш, од здрави, стануваат „болни“ и доставуваат медицинска документација за која ние не знаеме дали е основана или не. А тоа кај нас буди сомнеж дека ваквите дејствија се во насока на одолговлекување на постапката. Слушаме информации за привилегии што не смеат да постојат. На првоосомничениот му е пронајден телефон во ќелијата — и сè завршило со опомена. Се поставува прашањето: дали навистина се врши редовна контрола во притворот? Што се случува со телефоните на првоосомничениот? Дали се обработени до крај и дали од нив е извлечена целата можно достапна комуникација? И уште поважно – дали е прифатливо лице осомничено во ваква трагедија да помине само со опомена, или требаше директно да следи казна со краток престој во самица, праша Наунов.

Дополнително, беше посочен и случај на сведок кој во суд дал изјава различна од онаа во Обвинителството, притоа јавно обвинувајќи дека обвинители го менувале текстот во неговата првична изјава.

-Обвинителството лично утврди дека изјавата дадена пред нив е сосема различна од онаа дадена во суд. Тоа е кривично дело. Дали е покрената постапка? А и дополнително, истиот сведок јавно обвини дека текстот во неговата изјава бил изменет од обвинители. Дали ова е документирано, проверено и процесуирано? Јавноста има право да знае. Или и ова ќе помине незабележано? И за сите оние кои однапред тврдат дека случајот „Пулс“ бил толку „климаво поставен“ што ќе паднел — нека запомнат нешто: под тие скали не лежи предмет, не лежи бројка, не лежи статистика. Под тие скали лежат 63 млади животи. 63 недоискажани соништа. 63 светови што згаснаа за миг. 63 семејства што никогаш повеќе нема да бидат цели, додаде Наунов.

Од Здружението порачаа дека нивното трпение е при крај и побараа итно исполнување на ветената динамика и правда без компромиси. „Ако ветивте правда – испорачајте ја,“ беше завршната порака од денешниот протестен марш во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
67%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?