38 Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“ оваа година ќе се одржи од 8 до 14 септември. Нај фестивалот ќе учествуваат 12 фолклорни ансамбли од државата и 8 ансамбли надвор од неа со над 600 фолклористи.
-„Истибањско Здравоживо“ традиционално се одржува секоја година во првата половина од месец септември. Фестивалот почнуваа во Истибања со големото оро на сите учесници на фестивалот, а потоа одиме на фолклорно дефиле низ Истибања и претставување на секој ансамбал со две минутна програма. Потоа ќе имаме свечено отварање на фестивалот и ќе имамаме претставување на секој ансамбал со пет до осум минутна програма. Програмата продолжува и во неделата со фолклорниот караван, што оваа година ќе се одржи во Зрновци, а домаќин ќе биде градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев. Странските ансамбли и ФА „Китка“ ќе настапат во Зрновци. Во вторникот ќе се изврши традиционалното зажнејување на оризот, а ова е интересен настан за учесниците од другите земји. Следно е големото оро на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница, каде што на почетокот се играат македонските ора, а пота ќе се претстават и ансамблите од другите земји. Во средата е големото финале со дефиле низ Виница и гала настапот на сите учесници на плоштадот „Ангел Винички“ и за крај е предвидено заедничко оро на сите учесници со што се затвара фестивалот. Во меѓувреме ќе има и Национални вечери на кој настан ќе се претставата традициите на земјите учеснички. Правата традиционална е македонската вечер, а ќе се одржи во саботата, истакна Стојко Митковски директор на ФА „Китка“ – Истибања.
Главни покровители на настанот се Општина Виница и Министерството за култура. Учесниците на фестивалот ќе добијат плакета за учество, односно диплома за учесник на МФФ „Истибањско Здравоживо“. Предвидено е доделување на над 500 дипломи.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.