Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

38. Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, завршниот концерт в среда на плоштадот во Виница

автор: Т. Ајтовски
11 септември, 2023 13:07
во Култура, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
38. Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, завршниот концерт в среда на плоштадот во Виница

Викендов почнаа активностите во рамки на програмата од Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, што годинава се одржува по триесет и осми пат.

Организатор и домаќин на фестивалот е фолклорниот ансамбл „Китка“, а учествуваат околу 400 фолклористи од десетина домашни и групи од странство. На почетокот се одржа свечено дефиле низ Истибања на кое беа претставени учесниците, а потоа на сцената во училишниот двор секој од ансамблите имаше десетминутен настап.

Фестивалот го отвори градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, посакувајќи им на учесниците добар престој и успешен настап пред публиката.

-Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ е од огромно значење за нашата општина и држава. Големата посетеност и заинтересираност да се види и слушне фолклорот, како на македонските изведувачи, така и на оние од странство, е доказ дека успешно ја одржуваме традицијата и претставува мотив за уште подобра организација во иднина. Општина Виница постојано е со овој фестивал затоа што го препознава значењето на негувањето на културната традиција, а особено радува интересот на младите генерации за фолклорот, обичаите и народните песни и ора, со што продолжува зачувувањето на трајните вредности на нашиот народ, истакна градоначалникот Петков.

Учесниците и присутните на фестивалот ги поздрави и претседателката на Асоцијацијата на фолклорни фестивали – ЦИОФФ за Македонија, Мирјана Мирчевска.

-Сакам да изразам огромно задоволство што Фестивалот цели 37 години, оваа е триесет осма. Се одржува со огромен ентузијазам на ФА „Китка“ и неговиот претседател Стојло Митковски кои вложуваат голем труд и ова се реализира на овој начин. На сите гости им поскаувам да се дружат и запознаваат, а со тоа да дознаат за културите и традициите на државите и народите кои живеат во нив, истакна Мирчевска.

По настапот во Истибања, учесниците на фестивалот се претставија и пред публиката во Зрновци, а завршниот концерт е закажан за в среда попладне на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница.

Покровител на меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ е Општина Виница, а манифестацијата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура, стопански претпријатија и наши иселеници во странство.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: истибањаистибањско здравоживофолклорен фестивал

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нов командир на Полициската станица ќе избира Советот на Општина Виница
Регион

Измамен виничанец му платил 7 илјади евра на лажен доктор за лекување на ќерката

автор: Администратор
9 јануари, 2026 11:03
0

Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за...

прочитај повеќе
Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница
Култура

Божикни културни настани организираа Домот на културата и библиотеката во Виница

автор: Т. Ајтовски
5 јануари, 2026 21:14
0

Прогласување на најдобрите творби и доделување на наградите од литературно-ликовниот конкурс „Божикна магија“ и Божикен концерт на учениците од Школата за гитара организираа Домот на културата „Тошо Арсов“...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 19, 2026 - пон
Кочани, MK
-2°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, ENE
64%
774.82 mmHg
mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22 fri01/23
чисто небо
4/-2°C
чисто небо
4/-1°C
слаб снег
5/0°C
слаб снег
5/3°C
облаци
8/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?