44 граѓани даруваа крв на редовната октомвриска крводарителска акција што денеска ја организираше Општинска организација на Црвен крст – Кочани.
Од сите учесници, 11 беа млади до 30-годишна возраст, а имаше и еден дарител што учествуваше за прв пат. Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип.
-Акцијата е 16-та што ја спроведуваме во тековната година. До крајот на 2025 ќе реализираме уште четири, од кои две редовни, секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани, една младинска акција за млади, средношколци и студенти и една со кочанската полиција. Со тоа ќе го заокружиме годишниот план за крводарителски акции што годинава е 20, соопштија од Црвен крст – Кочани.

Во текот на месец ноември ќе биде реализирана и свеченост за доделување на благодарници и признанија на повеќекратни крводарители и соработници.
Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во Кочани.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






