Локалната самоуправа на Виница го почна проектот за изградба и реконструкција на поголем број улици, за што ќе инвестира 45 милиони денари, обезбедени од сопствениот буџет.
Од Општината истакнуваат дека се работи за рекордна инвестиција со која значително ќе се подобри сообраќајната инфраструктура.
По неколку децении улиците „Стив Наумов“, „Раде Кончар“, „Даме Груев“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Љупчо Сантов“, како и на дел од улиците „Крушевска Република“, „ Борис Кидрич“ и „Бел Камен“ е поставен нов асфалтен слој, а извршена е поправка и на поголем број ударни дупки. Исто така, реконструирани се две крстосници на улиците „Љупчо Сантов„ и „Моша Пијаде“, како и кругот во Територијалната противпожарна единица – Виница, кој беше во многу лоша состојба.
Во проектот за реконструкција на коловозот е опфатена и крстосницата на улицата „Маршал Тито“.
По асфалтирањето на улиците во Виница, активностите продолжуваат во селата Пекљани, Градец, Лески, Црн Камен, Липец и Блатец.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.