Општинската организација на Црвен крст – Кочани, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во своите простории организираше редовна февруарска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 46 крводарители. Тројца беа првократни дарители, а 15 лица се до 30-годишна возраст.

Акцијата е трета што годинава ја спроведува Црвен крст – Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.