Одличен одѕив имаше на редовната ноемвриска акција за дарување на крв, што денеска во своите простории ја реализираше Општинската организација на Црвен крст – Кочани.
На акцијата крв даруваа 48 крводарители, од кои 12 млади лица до 30 години и седум првократни дарители.
Акцијата е 17-та што ја спроведува Црвен крст – Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






