Освен на оваа, во наредниот период градежни работи ќе има и на три крака со вкупна должина од 350 метри на улицата “Вера Которка“ во населбата Монополски бавчи. И за овде од буџетот на Општина Кочани се обезбедени 2,5 милиони денари, што се дел од Програмата за изградба и реконструција на улици и локални патишта во 2018 година.
Тендерската постапка за избор на изведувач на работите и за оваа улица е веќе објавена, а рокот за пријавување е до 27 февруари. По потпишувањето на договорот со фирмата чија понуда ќе биде избрана како најповолна, асфалтирањето на трите крака треба да се реализира во период од 4 месеци.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=EqE72a5FLuc
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.