Покрај Радица, како најдобри ученци беа прогласени и Верица Иванова и Сашо Донински. Од оваа учебна година училиштето ќе доделува по три награди, вели директорот Тихомир Тасев.
– Оваа година за првпат доделуваме три награди, ќе бидат доделени од страна на Ротари клубот Кочани – Виница. Со самата матурска вечер учениците го заокружија средното образовани. Во тек се матурските испити со полагање на матурски испит на 2 јуни кога се полага странски и на 9 јуни се полага мајчин јазик. До средината на јули 12-13 јули свечено доделување на дипломите, истакна Тихомир Тасев, директор на СОУ “Ванчо Прќе“ Виница.
Во средното училиште во Виница последните наставни часови ги завршува 54-та генерација матуранти кои деновиве го славеа и своето полнолетство.
Оваа учебна година од генерацијата 2014-2018 завршуваат 126 матуранти од кои мнозинството се со гимназиско образование, но и со дипломи за завршено стручно – машинско, текстилно и сообраќајно средно образование.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=BT3Py3gAz0M
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.