Општина Зрновци ги информира учесниците во сообраќајот дека в сабота, 15 јули, патниот правец Зрновци – Виница ќе биде затворен за возила.
Затворањето на делницата е поради изведување градежни работи по проектот „Изградба на канали за наводнување и одводнување и каскади на реката Зрновка “.
Со проектот се реализира бетонирање на Морошка и Виничка вада, како и изградба на три каскади на реката Зрновка.
Општина Зрновци апелира за разбирање од учесниците во сообраќајот за привременото затворање на патот.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.