Од Секорот за уредување на градежното земјиште информираат дека досега се извршени корекции на асфалтните дефекти на улиците „Ѓорче Петров“ и „Бел камен“. Следуваат работи на „Страшо Ербапче“, „1 Мај“, „9 Мај“, „Боро Ловџија“, а потоа во населбите Усова Чешма и Лесна индустрија. За реализација на активностите се наменети 400 илјади денари од буџетот на Општина Кочани.
Санирањето на оштетувањата на асфалтната површина на овој начин е времено решение, за извесно нормализирање на сообраќајната инфраструктура.
Од Општината информираат дека паралелно со овие активности, ќе се врши и бетонирање на пристапните улици. Освен тоа, завршени се подготвителните работи за изградба и тампонирање на улиците во населените места и се очекува деновиве асфалт да добијат сообраќајниците во Мојанци, Грдовци, Горни и Долни Подлог и Тркање.
Во меѓувреме заврши рокот на тендерската постапка за ревизија на проектната документација за улици и патишта на територијата на општината, за што ќе се потрошат над 330 илјади денари. Со ревизијата треба да се утврди завршениот предмер за изградба на два локални патни правци со должина од 1 км и еден локален пат со дожина од 3,2 км.
Освен тоа, фирмата што ќе ја прави ревизијата има за задача да ја провери документацијата за 52 улици со должина од 200 до 800 метри, како и за 4 потпорни ѕидови со должина од 20 метри.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.