Вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која 68-годишен жител на виничкото село Градец тешко се повредил при пад од моторцикл, по што завршил на лекување во Општата болница во Кочани.
Според известувањерто од МВР, на 15.07.2023 во 13.40 часот во Полициската станица – Виница било пријавено дека во селото Градец, Ф.Ц.(68) од с. Градец, управувајќи моторцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал од моторциклот.
Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица – Виница.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.