Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

700 кубни метри отпад за два дена од Кочани се транспортирани на депонијата кај Бели

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
700 кубни метри отпад за два дена од Кочани се транспортирани на депонијата кај Бели

Возилата на КЈП „Водовод“ во изминатите два дена непрекинато работат на собирање и транспорт на отпадот до депонијата кај Бели, при што депонирани и затрупани со земја се околу 700 кубни метри отпад од контејнерите на повеќе локации.

Увид во активностите за транспорт, депонирање и компресирање на отпадот денеска направи градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов со претставниците од Локалната самоуправа кои учествуваа интензивно во средувањето на состојбата на депонијата и со претставниците и директорката од „Водовод“ кои викендов направија максимални напори да го соберат заостанатиот отпад во градот.

– Можеме да констатираме дека се исполнети сите услови кои беа поставени од луѓето што протестираат, можете да видите дека депонијата не чади и може да се забележи дека има стражарска служба. Се поставува видеонадзор, а се обезбедени и доволно количини земја за третирање на отпадот. Сметам дека рокот од 48 часа, којшто трае до 20 часот, денес на 3 ноември, е недоволен за „Водовод“ да ја заврши целосно работата. Заостанати се повеќе количини отпад во домовите, а од она што беше во контејнерите и на терен е собрано скоро сѐ. Мојот апел до штрајкувачите е да дозволат КЈП „Водовод“ да си ја врши својата работа, повика градоначалникот Папазов.

– Во петокот кога комуналното претпријатие доби дозвола за транспорт на отпадот, веќе имавме во Стопански двор возила со ѓубре од минатата недела, полни пет камиони и два трактора кои го однесоа отпадот и веднаш продолжија со собирање на сметот од контејнерите во централното градско подрачје. Од петокот до денес се депонирани околу 700 метри кубни смет, односно се направени околу 45 тури или дневно се депонирани околу 250 метри кубни. Досега е собран сосема мал дел од ѓубрето во домовите, така што за да се вратат во нормала и домаќинствата ќе ни треба повеќе време. Возилата за транспорт на отпадот се навраќаат повторно за да ги празнат контејнерите, затоа што отпадот континуирано се создава, истакна Кристина Финдачка, директорка на КЈП „Водовод“.

По петочната средба на претставници на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување и на Локалниот совет за превенција со граѓаните кои протестираат, Општина Кочани и КЈП „Водовод“ постапуваат по донесените заклучоци, со што е стопиран транспортот на отпадот од општините Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци.

Од Општина Кочани инфомираат дека надлежните очекуваат граѓаните што го блокираат патот кај селото Бели да го имаат предвид значењето на механизацијата на „Бехтел и Енка“ за натамошното функционирање на депонијата и дека нема да дозволат блокадата повторно да го затрупа градот со отпад.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијакјп „водовод“општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Кочани

Обвинителен акт против 34 лица и три правни субјекти поднесе Обвинителството за пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
13 јуни, 2025
0

Обвинителскиот тим кој беше ангажиран во истрагата на пожарот во „Пулс“ го анализирал целокупниот прибран доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани поднесе Обвинителен акт против...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
24°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SW
42%
765.82 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?