– Разговаравме за геотермалните води што ги нудиме како општина, разговаравме и за економските рзвојни зони, за акционите планови кои што нашата општина ги има донесено. Се надеваме дека во иднина општина Виница со градовите од Унгарија ќе има добра соработка, и успешната приказна што ја има Република Унгарија пред се во спа-туризмот, придобивките и ние како општина ќе ги имаме во иднина, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Амбасадорот Дукс рече дека откако е на функцијата во Македонија ова му е прва посета на Општина Виница, при што нагласи дека очекува од неа да произлезат успешни резултати во натамошното јакнење на соработката со општините од неговата земја.
– Се залагаме за тоа што поголем број општини од Унагрија и од Македонија да воспостават што подобар контакт, па наш приоритет е и да ја зголемиме економската соработка меѓу двете држави и добивме многу добри информации од градоначалникот за економскиот потенцијал на општина Виница. Секако, и за културната соработка имавме добар разговор, за можностите и плановите за во иднина и мислам дека ќе има успешна соработка и во тој аспект, рече Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија.
На средбата се разговараше и за проширување на меѓусебните врски, кои досега најмногу се во областа на културата и во подршката на ромската заедница кај нас, а тенденција е да се зајакнатодносите во економијата.Општина Виница е заинтересирана и за збратимување со некој од градовите во Унгарија, поради што очекува со помош од унгарската амбасада контактите да се интензивираат.
Во рамки на посетата на Виница, амбасадорот Дукс го посети и основното училиште „Гоце Делчев“, како и производствените погони на прехранбената компанија “Макпрогрес“.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=YY5brPZWhsY
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.